2 па сѐ до денот кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите што беше ги избрал.
3 Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо.
4 Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене:
5 Јован крштеваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.“
6 А тие, кои беа собрани, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли Ти ќе го востановиш, Господи, царството Израилево?“
7 И Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или часот што Отецот ги поставил во Своја власт;
8 но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“