22 почнувајќи од крштевањето Јованово па до денот кога се вознесе од нас, треба да биде сведок со нас за Неговото воскресение.“
23 И поставија двајца: Јосиф, наречен Варнава, а по прекар Јуст, и Матиј;
24 потоа се помолија и рекоа: „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал,
25 за да прими дел од оваа служба и од апостолството од кое отпадна Јуда за да си отиде на своето место.“
26 И фрлија ждрепка за нив, и ждрепката падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли.