Дела 10:30-36 MK2006D

30 И Корнилиј одговори: „Пред четири дена, сѐ до овој час постев, а во деветтиот час се молев во својот дом. Одеднаш, пред мене застана човек во светла облека,

31 и ми рече: ‚Корнилиј, твојата мо­литва е услишена, и за твоите милостини Бог Си спомна.

32 Затоа прати некого во Јопија и по­викај го Симон, наречен Петар; тој сега престојува на гости кај Симон Кожа­рот, покрај морето. Тој ќе дојде и ќе ти зборува.‘

33 Затоа јас веднаш пратив луѓе по те­бе, и ти добро направи што дојде. Сега, пак, ние сите стоиме пред Бога за да слушнеме сѐ што ти е од Бога за­по­ве­дано.“

34 Тогаш Петар ја отвори устата и ре­че: „Навистина сфаќам дека Бог не гле­да на лице;

35 туку, напротив, Нему му е мил во секој народ оној кој има страхопочит кон Него и постапува праведно.

36 Тој им го прати на синовите Изра­илеви словото, благовестувајќи мир преку Исус Христос, Кој е Господ на сите.