Дела 10:32-38 MK2006D

32 Затоа прати некого во Јопија и по­викај го Симон, наречен Петар; тој сега престојува на гости кај Симон Кожа­рот, покрај морето. Тој ќе дојде и ќе ти зборува.‘

33 Затоа јас веднаш пратив луѓе по те­бе, и ти добро направи што дојде. Сега, пак, ние сите стоиме пред Бога за да слушнеме сѐ што ти е од Бога за­по­ве­дано.“

34 Тогаш Петар ја отвори устата и ре­че: „Навистина сфаќам дека Бог не гле­да на лице;

35 туку, напротив, Нему му е мил во секој народ оној кој има страхопочит кон Него и постапува праведно.

36 Тој им го прати на синовите Изра­илеви словото, благовестувајќи мир преку Исус Христос, Кој е Господ на сите.

37 Вие знаете за сето она што се слу­чуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштевањето што го про­поведаше Јован:

38 како Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет, и како Тој одеше вршејќи добри дела и исцелувај­ќи ги сите што беше ги нападнал ѓаво­лот, зашто Бог беше со Него.