1 Апостолите и браќата во Јудеја, слушнаа дека и незнабошците го примиле словото Божјо.
2 И кога Петар влезе во Ерусалим, обрезаните што беа со него го укорија,
3 велејќи: „Ти си бил кај необрезани луѓе и си јадел со нив.“
4 А Петар почна да им расправа за сѐ по ред, велејќи:
5 „Јас бев во градот Јопија, и, додека се молев, во занес здогледав видение: од небото слегуваше некаков сад, како некое платниште, врзано за четирите краишта, и дојде дури до мене.
6 Откако погледав во него и го разгледав, видов четириножни земни животни, ѕверови, влекачи и птици небески.