Дела 11:13-19 MK2006D

13 Тој ни раскажа како видел ангел во куќата своја, кој застанал и му рекол: ‚Прати во Јопија луѓе и повикај го Си­мон, наречен Петар.

14 Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе бидеш спасен ти и целиот твој дом.‘

15 И кога почнав јас да зборувам, над нив слезе Духот Свети, како и над нас во почетокот.

16 Тогаш се сетив на зборовите Гос­по­дови: ‚Јован крштеваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Дух Свети.‘

17 Ако, Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господа Исуса Христа, тогаш кој сум јас да Му се спротивставам на Бога?“

18 Откако го ислушаа тоа, тие се успо­коија и Го прославуваа Бога, велејќи: „Значи и на незнабошците Бог им даде покајание за живот.“

19 А оние, што се беа распрснале по­ради гонењето до кое дојде по убиството на Стефан, стигнаа сѐ до Феникија, Кипар и Антиохија, и никому не му го проповедаа словото, освен на Јудејците.