15 И кога почнав јас да зборувам, над нив слезе Духот Свети, како и над нас во почетокот.
16 Тогаш се сетив на зборовите Господови: ‚Јован крштеваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Дух Свети.‘
17 Ако, Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господа Исуса Христа, тогаш кој сум јас да Му се спротивставам на Бога?“
18 Откако го ислушаа тоа, тие се успокоија и Го прославуваа Бога, велејќи: „Значи и на незнабошците Бог им даде покајание за живот.“
19 А оние, што се беа распрснале поради гонењето до кое дојде по убиството на Стефан, стигнаа сѐ до Феникија, Кипар и Антиохија, и никому не му го проповедаа словото, освен на Јудејците.
20 А некои од нив – Кипрани и Киринејци, штом пристигнаа во Антиохија, почнаа да им проповедаат и на Елините, навестувајќи го Евангелието на Господа Исуса.
21 И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обратија кон Господа.