Дела 11:16-22 MK2006D

16 Тогаш се сетив на зборовите Гос­по­дови: ‚Јован крштеваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Дух Свети.‘

17 Ако, Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господа Исуса Христа, тогаш кој сум јас да Му се спротивставам на Бога?“

18 Откако го ислушаа тоа, тие се успо­коија и Го прославуваа Бога, велејќи: „Значи и на незнабошците Бог им даде покајание за живот.“

19 А оние, што се беа распрснале по­ради гонењето до кое дојде по убиството на Стефан, стигнаа сѐ до Феникија, Кипар и Антиохија, и никому не му го проповедаа словото, освен на Јудејците.

20 А некои од нив – Кипрани и Ки­ри­нејци, штом пристигнаа во Антиохија, почнаа да им проповедаат и на Ели­ни­те, навестувајќи го Евангелието на Гос­пода Исуса.

21 И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обратија кон Господа.

22 Веста за тоа дојде до ушите на црквата ерусалимска. И тогаш го испратија Варнава да оди во Антиохија.