22 Веста за тоа дојде до ушите на црквата ерусалимска. И тогаш го испратија Варнава да оди во Антиохија.
23 А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и ги бодреше сите да пребиваат во Господ со непоколебливо срце.
24 Тој беше добар човек и исполнет со Дух Свети и вера. И значително мноштво луѓе се припои кон Господ.
25 Потоа, Варнава тргна за Тарс да го бара Савле.
26 И кога го најде, го доведе во Антиохија. И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа големо мноштво луѓе. Во Антиохија за прв пат ги нарекоа учениците христијани.
27 А во тоа време слегоа од Ерусалим во Антиохија некои пророци.
28 И еден од нив, по име Агав, претскажа преку Духот дека по целата вселена ќе настане голем глад. И токму таква голема и настана во времето на царот Клавдиј.