7 И чув глас што ми зборуваше: ‚Стани Петре, заколи и јади!‘
8 Јас, пак, реков: ‚Не, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во устата моја.‘
9 А гласот од небото повторно проговори и рече: ‚Она што Бог го очистил, ти не го сметај за погано!‘
10 Тоа се повтори трипати; и пак се крена на небото.
11 И ете, во тој час застанаа тројца луѓе, испратени кај мене од Кесарија.
12 А Духот ми рече да појдам со нив, без двоумење. Со мене дојдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на оној човек.
13 Тој ни раскажа како видел ангел во куќата своја, кој застанал и му рекол: ‚Прати во Јопија луѓе и повикај го Симон, наречен Петар.