Дела 12:19-25 MK2006D

19 А Ирод, кој испрати потера по него, но не успеа да го пронајде, откако ги ис­пита стражарите, заповеда да ги погубат. Потоа тој слезе од Јудеја во Кеса­рија, и таму се задржа.

20 Ирод беше гневен на Тирците и Си­донците. Но тие, бидејќи нивните земји добиваа храна од неговото царство, се договорија и дојдоа кај него еднодушни, и откако го придобија на своја страна Власта, царевиот собар, побараа мир.

21 Во договорениот ден Ирод, облечен во царска облека, седна на престолот и одржа говор пред народот.

22 А народот воскликнуваше: „Ова е глас Божји, а не човечки.“

23 Но ненадејно во истиот миг ангел Господов, силно го удри, зашто не Му воздаде слава на Бога. И, изеден од цр­ви, тој умре.

24 А словото Божјо сѐ повеќе растеше и се распространуваше.

25 Варнава и Савле, откако го исполнија задолжението, од Ерусалим се вра­тија во Антиохија, од каде што го зедоа со себе и Јован, наречен Марко.