Дела 12:3-9 MK2006D

3 А кога виде дека тоа им се допаѓа на Јудејците, го фати и Петар. Тоа беше за време на Бесквасници.

4 Него, кога го фати, го фрли в затвор предавајќи го на четири групи по чети­ри војници да го пазат. Неговата намера беше веднаш по Пасхата да го изведе пред народот.

5 И така, додека Петар го пазеа во затворот, Црквата непрестано Му се молеше на Бога за него.

6 Ноќта, спроти денот кога Ирод са­каше да го изведе, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во два пара лан­ци, а стражарите пред портата го чуваа затворот.

7 И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во затворот. Ангелот го потчукна Петар по ребрата и го раз­буди, па му рече: „Стани брзо!“ И око­вите му паднаа од рацете негови.

8 Тогаш ангелот му рече: „Препашај се и обуј си ги чевлите!“ Така и на­пра­ви. И пак му рече: „Облечи ги алиш­та­та свои и врви по мене!“

9 И излезе и тргна по него, а не зна­еше дека тоа, што го направи ангелот, е вистина, туку си мислеше дека гледа привид.