Дела 13:11-17 MK2006D

11 И еве сега, раката Господова е врз тебе; ќе бидеш слеп и за некое време не­ма да го гледаш сонцето!“ И наеднаш над него падна мрак и темнина, и џба­рајќи, бараше водач.

12 Тогаш намесникот, откако виде што се случи, поверува, восхитен од учењето Господово.

13 Павле и неговите придружници от­пловија од Пафос и пристигнаа во Пер­гија Памфилиска. Тука Јован се одвои од нив и се врати во Ерусалим.

14 А тие тргнаа од Пергија и пристигнаа во Антиохија Писидиска. Тука во сабота влегоа во синагогата и седнаа.

15 По читањето на Законот и на Про­роците, старешините на синагогата пра­тија луѓе да им кажат: „Мажи браќа, ако имате зборови за утеха на народот, зборувајте!“

16 И тогаш стана Павле, мавна со ра­ката и рече: „Луѓе Израилци, и вие, што имате страхопочит кон Бога, пос­лу­шај­те!

17 Бог на овој народ, Израил, ги избра татковците наши, и го подигна овој на­род кога тие пребиваа во земјата еги­петска, и со раката Своја силна ги из­ве­де од неа;