Дела 13:45-51 MK2006D

45 Но Јудејците, кога видоа многу на­род, се исполнија со завист и му против­речеа на она што го зборуваше Павле и хулеа.

46 Тогаш Павле и Варнава им рекоа отворено: „Словото Божјо требаше нај­нап­ред вам да ви се проповеда, но кога вие го отфрлате и сами покажувате де­ка не сте достојни за вечниот живот, за­тоа, еве, ние се обраќаме кон незнабош­ците.

47 Зашто Господ така ни заповеда: ‚Те поставив за светлина на незнабошците, да бидеш спасение до крајот на земјата.‘“

48 Незнабошците, слушајќи го тоа, се радуваа и го славеа словото Господово и поверуваа сите, кои беа определени за живот вечен.

49 И словото Господово се распространуваше по целиот крај.

50 Но Јудејците, откако ги наговорија побожните и чесните жени и градските првенци, поттикнаа гонење против Павле и Варнава, и ги истераа од својот крај.

51 Тие, го истресоа правот од нозете свои на нив, и дојдоа во Иконија.