Дела 13:8-14 MK2006D

8 Но им се спротивстави Елима – ма­ѓесникот, така всушност се преведува неговото име, настојувајќи намесникот да го одврати од верата.

9 Но Савле, наречен Павле, исполнет со Дух Свети, го впери погледот на не­го,

10 и рече: „О, ти кој си полн со секакво лукавство и злоба, сине ѓаволски, не­пријателу на секоја праведност, нема ли да престанеш да ги искривуваш правите Господови патишта?

11 И еве сега, раката Господова е врз тебе; ќе бидеш слеп и за некое време не­ма да го гледаш сонцето!“ И наеднаш над него падна мрак и темнина, и џба­рајќи, бараше водач.

12 Тогаш намесникот, откако виде што се случи, поверува, восхитен од учењето Господово.

13 Павле и неговите придружници от­пловија од Пафос и пристигнаа во Пер­гија Памфилиска. Тука Јован се одвои од нив и се врати во Ерусалим.

14 А тие тргнаа од Пергија и пристигнаа во Антиохија Писидиска. Тука во сабота влегоа во синагогата и седнаа.