Дела 14:10-16 MK2006D

10 па му рече со висок глас: „Тебе ти велам, во името на Господа Исуса Хрис­та: исправи се на нозете свои!“ И тој скокна и почна да оди.

11 А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и из­ви­каа на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“

12 И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот.

13 Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се наоѓаше пред новиот град, откако до­ве­де јунци и венци пред портата, сакаше заедно со народот да принесе жртва.

14 Но апостолите Варнава и Павле, кога слушнаа за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи:

15 „Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни како и вие, но ви про­по­ве­да­ме да се обратите од овие празноверија кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив;

16 Кој поранешните поколенија на на­родите ги остави да врват по нивните патишта,