Дела 15:19-25 MK2006D

19 Затоа јас мислам дека не треба да им прават мачнотии на незнабошците, кои се обраќаат кон Бога,

20 туку да им се заповеда да се воз­др­жуваат од идолски жртви, од блудство, од удавено и од крв, (и да не му прават на друг ништо, што ним не им е угодно).

21 Зашто Мојсеј уште од старо време во секој град има луѓе, кои го про­по­ве­даат, бидејќи го читаат по синагогите секоја сабота.“

22 Тогаш апостолите и старешините заедно со целата Црква одлучија да ги изберат меѓу себе Јуда, наречен Вар­нава, и Сила, истакнати мажи меѓу бра­ќата, и заедно со Павле и Варнава да ги пратат во Антиохија.

23 И со своите раце им го напишаа следново писмо: „Апостолите, свеш­те­ниците и браќата ги поздравуваат бра­ќата од нееврејските народи што се во Антиохија и Сирија и Киликија.

24 Сме слушнале дека некои од нас, на кои ништо не сме им заповедале со збо­рови, ве вознемириле, и ги потресле ду­шите ваши, велејќи ви да се обрезувате и да го пазите Законот.

25 Затоа, откако се собравме, едно­душно одлучивме да избереме луѓе и да ги пратиме кај вас заедно со нашите омилени Варнава и Павле,