Дела 15:2-8 MK2006D

2 А бидејќи настана бунт, и Павле и Варнава жестоко се препираа со нив, одлучија Павле и Варнава и некои дру­ги од нив да отидат горе кај апостолите и старешините во Ерусалим заради оваа препирка.

3 Тие, пак, испратени од црквата, па­туваа низ Феникија и Самарија, и раскажувајќи за обраќањето на незна­бошците, предизвикуваа голема радост кај сите браќа.

4 А кога пристигнаа во Ерусалим, ги примија црквата, апостолите и ста­ре­шините, а тие известија за сѐ што на­прави со нив Бог и како ја отвори вратата на верата и за незнабошците.

5 Тогаш станаа некои од при­вр­за­ници­те на фарисеите, што беа поверувале, и зборуваа дека тие треба да се обрезува­ат, и да им се заповеда да го пазат За­ко­нот Мојсеев.

6 Апостолите и старешините се собраа да го разгледаат тоа прашање.

7 По долго расправање, стана Петар и им рече: „Луѓе браќа, вие знаете дека Бог од првите дни ме избра меѓу вас, незнабошците од мојата уста да го слушнат словото на Евангелието и да поверуваат;

8 и Бог, Кој ги познава срцата, им пос­ведочи, и им даде Дух Свети како и нам.