1 Тој пристигна во Дерва и Листра. И ете, таму живееше некој си ученик, по име Тимотеј, син на Јудејка, која ја прифати верата, и на татко Елин;
2 тој ученик беше на добар глас меѓу браќата во Листра и Иконија.
3 Павле посака да го земе со себе. Затоа откако го зеде, го обреза поради Јудејците, кои живееја по тие места; зашто сите знаеја дека татко му е Елин.
4 И додека минуваа низ градовите, тие им порачуваа на верните да пазат на одредбите, определени од апостолите и старешините во Ерусалим.
5 И така, црквите се утврдуваа во верата, а и по број се зголемуваа секој ден.