20 И кога ги приведоа пред управниците, рекоа: „Овие луѓе, што се Јудејци, го бунтуваат нашиот град
21 и проповедаат обичаи што нам, како Римјани, не ни доликува ни да ги примаме, ниту да ги извршуваме.“
22 Тогаш се нафрли на нив народот; а управниците, штом им ги раскинаа алиштата, започнаа да ги тепаат со стапови;
23 и, откако ги испотепаа многу, ги фрлија в затвор, а на затворскиот стражар му наредија да ги чува добро.
24 А стражарот, штом прими таква заповед, ги фрли во повнатрешниот дел од затворот и нозете им ги стегна во клада.
25 На полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа.
26 Одеднаш настана голем потрес, така што и темелите на затворот се поместија, и веднаш се отворија сите врати и оковите на сите отпаднаа.