23 и, откако ги испотепаа многу, ги фрлија в затвор, а на затворскиот стражар му наредија да ги чува добро.
24 А стражарот, штом прими таква заповед, ги фрли во повнатрешниот дел од затворот и нозете им ги стегна во клада.
25 На полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа.
26 Одеднаш настана голем потрес, така што и темелите на затворот се поместија, и веднаш се отворија сите врати и оковите на сите отпаднаа.
27 А стражарот на затворот, кога дојде при свест и ги виде вратите на затворот отворени, извади меч и сакаше да се убие, зашто помисли дека затворениците избегале.
28 Но Павле викна со силен глас и рече: „Не задавај си врз себе никакво зло, бидејќи сите сме овде!“
29 А тој побара светло, истрча и растреперен падна пред Павле и Сила;