33 Во истиот час таа ноќ тој ги прими дома и им ги изми раните. Потоа веднаш беше крстен тој самиот и сите негови домашни.
34 Тогаш ги одведе горе во својата куќа, постави трпеза и се зарадува со целиот свој дом, зашто поверува во Бога.
35 А кога осамна, војводите пратија судски служители, кои рекоа: „Пушти ги оние луѓе!“
36 Затворскиот стражар му соопшти за тоа на Павле: „Градските судии пратија да ве ослободам. Затоа, излезете сите и одете си со мир!“
37 Но Павле им рече: „Зарем откако нас, римски граѓани, нѐ биеја пред народот без суд и нѐ фрлија в затвор, сакаат сега тајно да нѐ пуштат? Не, нека дојдат и сами нека нѐ изведат!“
38 Градските служители им го кажаа тоа на градските судии; а тие се уплашија, кога слушнаа дека се тие римски граѓани.
39 И дојдоа, па се извинија пред нив, ги изведоа и ги замолија да излезат од градот.