35 А кога осамна, војводите пратија судски служители, кои рекоа: „Пушти ги оние луѓе!“
36 Затворскиот стражар му соопшти за тоа на Павле: „Градските судии пратија да ве ослободам. Затоа, излезете сите и одете си со мир!“
37 Но Павле им рече: „Зарем откако нас, римски граѓани, нѐ биеја пред народот без суд и нѐ фрлија в затвор, сакаат сега тајно да нѐ пуштат? Не, нека дојдат и сами нека нѐ изведат!“
38 Градските служители им го кажаа тоа на градските судии; а тие се уплашија, кога слушнаа дека се тие римски граѓани.
39 И дојдоа, па се извинија пред нив, ги изведоа и ги замолија да излезат од градот.
40 А тие, штом излегоа од затворот, отидоа во домот на Лидија, ги видоа браќата, ги утешија и си тргнаа.