Дела 17:13-19 MK2006D

13 Но солунските Јудејци, штом дознаа дека Павле и таму го проповеда словото Божјо, дојдоа и таму за да го потресат и вознемират народот.

14 Тогаш браќата го испратија Павле да оди кон морето, а Сила и Тимотеј ос­танаа таму.

15 Оние, што го придружуваа Павле, го доведоа до Атина и се вратија со заповед од него до Сила и Тимотеј, да дојдат и тие поскоро кај него.

16 И додека ги чекаше нив во Атина, духот на Павле се вознемируваше, гле­дајќи го градот, полн со идоли.

17 И тој расправаше во синагогата со Јудејците и побожните, и секој ден на плоштадот со оние што ќе ги сретнеше.

18 А некои епикурејски и стоички филозофи почнаа да се препираат со него; едни велеа: „Што сака да каже овој празнословец?“, а други: „Се чини дека тој проповеда туѓи божества“, заш­то им благовестеше за Исус и за воскресението.

19 И зедоа, та го одведоа на Аре­опа­гот, велејќи: „Ќе можеме ли да знаеме какво е тоа учење што го проповедаш?