Дела 17:24-30 MK2006D

24 Бог, Кој го создаде светов и сѐ, што е во него; Тој, Кој е Господ на небото и на земјата, не живее во ракотворени храмови,

25 ниту, пак, прима служба од човечки раце како да има потреба од нешто, но Сам на сите им дава живот, здив и сѐ.

26 Од една крв го создаде сиот род човечки за да живее по целото лице на земјата, откако утврди предопределени времиња и граници на нивните живе­алишта,

27 за да Го бараат Господа, та да би можеле некако да Го насетат и најдат, иако Тој не е далеку од секого меѓу нас:

28 зашто ние преку Него живееме, се движиме и постоиме, како што рекле и некои од вашите стихотворци: ,Негов род сме.‘

29 И така, бидејќи род Божји сме, не треба да мислиме дека Божеството при­ле­га на злато, или сребро, или камена творба што излегла од човечки ум и из­мислица.

30 Бог, пак, не осврнувајќи се на вре­мињата на незнаење, сега редум им заповеда на сите луѓе да се покаат,