Дела 17:26-32 MK2006D

26 Од една крв го создаде сиот род човечки за да живее по целото лице на земјата, откако утврди предопределени времиња и граници на нивните живе­алишта,

27 за да Го бараат Господа, та да би можеле некако да Го насетат и најдат, иако Тој не е далеку од секого меѓу нас:

28 зашто ние преку Него живееме, се движиме и постоиме, како што рекле и некои од вашите стихотворци: ,Негов род сме.‘

29 И така, бидејќи род Божји сме, не треба да мислиме дека Божеството при­ле­га на злато, или сребро, или камена творба што излегла од човечки ум и из­мислица.

30 Бог, пак, не осврнувајќи се на вре­мињата на незнаење, сега редум им заповеда на сите луѓе да се покаат,

31 зашто определи ден кога праведно ќе му суди на светот преку одредениот од Него Човек, откако ги увери сите со Неговото воскресение од мртвите.“

32 Кога чуја за воскресението од мрт­вите, едни се насмеаја, а други рекоа: „Другпат сакаме да послушаме за тоа.“