16 И ги истера од судот.
17 Тогаш сите Елини го фатија Состен, началникот на синагогата, и го биеја пред судот, а Галион и не обрнуваше внимание на тоа.
18 Откако помина таму уште многу време, Павле се прости со браќата и отплови за Сирија заедно со Акила и Прискила, откако ја острига главата во Кенхреја, бидејќи беше дал завет.
19 Кога пристигна во Ефес, ги остави нив таму, а сам тој влезе во синагогата да расправа со Јудејците.
20 А кога тие го замолија да остане кај нив подолго време, тој не се согласи,
21 туку се прости со нив и рече: „Бездруго празникот што иде треба да го поминам во Ерусалим. Ако даде Бог, пак ќе дојдам кај вас.“ И отплови од Ефес. И Акила и Прискила останаа таму.
22 Кога слезе во Кесарија, отиде во Ерусалим да ја поздрави црквата и потоа замина за Антиохија.