Дела 18:17-23 MK2006D

17 Тогаш сите Елини го фатија Сос­тен, началникот на синагогата, и го би­еја пред судот, а Галион и не обрнуваше внимание на тоа.

18 Откако помина таму уште многу време, Павле се прости со браќата и отплови за Сирија заедно со Акила и Прискила, откако ја острига главата во Кенхреја, бидејќи беше дал завет.

19 Кога пристигна во Ефес, ги остави нив таму, а сам тој влезе во синагогата да расправа со Јудејците.

20 А кога тие го замолија да остане кај нив подолго време, тој не се согласи,

21 туку се прости со нив и рече: „Бездруго празникот што иде треба да го поминам во Ерусалим. Ако даде Бог, пак ќе дојдам кај вас.“ И отплови од Ефес. И Акила и Прискила останаа та­му.

22 Кога слезе во Кесарија, отиде во Ерусалим да ја поздрави црквата и по­тоа замина за Антиохија.

23 Откако престојуваше таму некое време, тргна на пат и ги обиколи по ред пределите на Галатија и Фригија и ги утврдуваше сите ученици.