19 Кога пристигна во Ефес, ги остави нив таму, а сам тој влезе во синагогата да расправа со Јудејците.
20 А кога тие го замолија да остане кај нив подолго време, тој не се согласи,
21 туку се прости со нив и рече: „Бездруго празникот што иде треба да го поминам во Ерусалим. Ако даде Бог, пак ќе дојдам кај вас.“ И отплови од Ефес. И Акила и Прискила останаа таму.
22 Кога слезе во Кесарија, отиде во Ерусалим да ја поздрави црквата и потоа замина за Антиохија.
23 Откако престојуваше таму некое време, тргна на пат и ги обиколи по ред пределите на Галатија и Фригија и ги утврдуваше сите ученици.
24 И дојде во Ефес некој си Јудеец, по име Аполос, родум од Александрија. Тој беше красноречив човек, упатен во Писмата.
25 Беше поучен во патот Господов и со распламнат дух, зборуваше и поучуваше правилно за Господ, иако знаеше само за Јовановото крштение.