Дела 18:22-28 MK2006D

22 Кога слезе во Кесарија, отиде во Ерусалим да ја поздрави црквата и по­тоа замина за Антиохија.

23 Откако престојуваше таму некое време, тргна на пат и ги обиколи по ред пределите на Галатија и Фригија и ги утврдуваше сите ученици.

24 И дојде во Ефес некој си Јудеец, по име Аполос, родум од Александрија. Тој беше красноречив човек, упатен во Писмата.

25 Беше поучен во патот Господов и со распламнат дух, зборуваше и поучу­ва­ше правилно за Господ, иако знаеше са­мо за Јовановото крштение.

26 Тој почна да зборува смело во сина­го­гата. Кога го слушнаа Акила и Прис­кила, го примија кај нив и му го изло­жија патот Господов поточно.

27 А кога тој сакаше да замине за Ахаја, браќата се обратија со писмо до тамошните ученици, за да го примат; и тој кога стигна таму, многу им помогна на верниците преку благодатта,

28 бидејќи силно ги побиваше Јудејците пред целиот народ, докажувајќи пре­ку Писмата дека Исус е Христос.