25 Беше поучен во патот Господов и со распламнат дух, зборуваше и поучуваше правилно за Господ, иако знаеше само за Јовановото крштение.
26 Тој почна да зборува смело во синагогата. Кога го слушнаа Акила и Прискила, го примија кај нив и му го изложија патот Господов поточно.
27 А кога тој сакаше да замине за Ахаја, браќата се обратија со писмо до тамошните ученици, за да го примат; и тој кога стигна таму, многу им помогна на верниците преку благодатта,
28 бидејќи силно ги побиваше Јудејците пред целиот народ, докажувајќи преку Писмата дека Исус е Христос.