9 И му рече Господ на Павле во видение ноќе: „Не плаши се, туку продолжи да зборуваш и не замолкнувај,
10 зашто Јас сум со тебе, и никој не ќе посегне да ти направи зло, бидејќи имам многу народ во овој град.“
11 Тој остана таму една година и шест месеци и ги поучуваше во словото Божјо.
12 А кога Галион беше намесник во Ахаја, Јудејците еднодушно го нападнаа Павле и го одведоа на суд,
13 велејќи: тој ги учи луѓето да Го почитуваат Бога спротивно на Законот.
14 И кога Павле сакаше да одговори, Галион им рече на Јудејците: „Јудејци, ако имаше некоја неправда или зло дело, лукаво, веднаш ќе ве ислушав по должност;
15 но, штом е препирката за учење и за имиња, и за вашиот Закон, разгледајте сами, зашто јас не сакам да бидам судија во тие работи.“