Дела 19:11-17 MK2006D

11 А Бог правеше многу чудеса преку рацете Павлови,

12 така што врз болните полагаа крпи и шамивчиња за пот, што го беа доп­ре­ле неговото тело, и болестите ги на­пуштаа, а злите духови излегуваа од нив.

13 Некои, пак, од Јудејците кои лутаа наоколу и ги истеруваа злите духови, се обидоа да го повикаат името на Господ Исуса над оние кои беа обземени со де­мони, и велеа: „Ве заколнуваме во Исус, Кого Го проповеда Павле!“

14 Тоа го правеа седумте синови на јудејскиот првосвештеник Скева.

15 А лошиот дух одговори и рече: „Исус Го познавам и Павле го знам; но кои сте вие?“

16 И скокна на нив човекот, во кого имаше лош дух, и, откако ги совлада, покажа против нив таква сила, што тие, го­ли и ранети, побегнаа од таа куќа.

17 За тоа разбраа сите Јудејци и Ели­ни, кои живееја во Ефес, и сите нив ги спопадна страв; и името на Господа Исуса се величаше.