Дела 19:19-25 MK2006D

19 А мнозина од оние, кои правеа ма­гии, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите; дури ја пресметаа и нивната цена и најдоа дека чинат до педесет ил­јади сребреници.

20 Така моќно растеше и се засилува­ше словото Господово.

21 А кога се сврши тоа, Павле науми, откако ќе ја мине Македонија и Ахаја, да оди во Ерусалим, па рече: „Штом ќе бидам таму, ќе треба да го видам Рим.“

22 И прати во Македонија двајца свои прислужници – Тимотеј и Ераст, а сам остана извесно време во Азија.

23 Во тоа време се создаде голем бунт против патот Господов:

24 некој си златар, по име Димитриј, кој правеше сребрени храмови за Арте­мида и на занаетчиите им овоз­мо­жу­ва­ше со тоа не мала заработувачка,

25 ги повика нив, а и други работници кои работеа околу такви работи, и им рече: „Другари, познато ви е дека од таа работа зависи нашата благосостојба.