Дела 19:24-30 MK2006D

24 некој си златар, по име Димитриј, кој правеше сребрени храмови за Арте­мида и на занаетчиите им овоз­мо­жу­ва­ше со тоа не мала заработувачка,

25 ги повика нив, а и други работници кои работеа околу такви работи, и им рече: „Другари, познато ви е дека од таа работа зависи нашата благосостојба.

26 А, гледате и слушате дека не само во Ефес, туку скоро во цела Азија, тој Павле убеди и заведе доста народ, ве­леј­ќи дека не се богови оние што се прават со човечки раце.

27 Затоа постои опасност не само нашиот занает да биде презрен, туку и храмот на великата божица Артемида да се смета за безвреден, и да загине ве­личието на онаа, која ја почитува цела Азија и вселената.“

28 Кога го слушнаа тоа, се исполнија со гнев, и почнаа да извикуваат велејќи: „Велика е Артемида Ефеска!“

29 И целиот град се побуни; едно­душ­но се втрчаа во театарот, влечејќи ги со себе Македонците Гај и Аристарх, Пав­ловите сопатници.

30 А кога Павле сакаше да влезе меѓу народот, учениците не го пуштија.