Дела 19:7-13 MK2006D

7 А вкупно беа околу дванаесет души.

8 Потоа Павле влезе во синагогата, и тука три месеци смело проповедаше и расправајќи ги уверуваше за царството Божјо.

9 Но, бидејќи имаше некои жестоки противници на верата, кои говореа ло­шо за патот Господов пред народот, Павле се оддели од нив, ги одвои уче­ни­ците и секојдневно расправаше во учи­лиштето на некој си Тиран.

10 Тоа траеше цели две години, така што сите жители на Азија, како Јудејците, така и Елините, можеа да го слу­шаат словото за Господ Исус.

11 А Бог правеше многу чудеса преку рацете Павлови,

12 така што врз болните полагаа крпи и шамивчиња за пот, што го беа доп­ре­ле неговото тело, и болестите ги на­пуштаа, а злите духови излегуваа од нив.

13 Некои, пак, од Јудејците кои лутаа наоколу и ги истеруваа злите духови, се обидоа да го повикаат името на Господ Исуса над оние кои беа обземени со де­мони, и велеа: „Ве заколнуваме во Исус, Кого Го проповеда Павле!“