1 Кога дојде денот Педесетница, сите апостоли беа заедно и на исто место.
2 Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како силен ветар кога дува, и ја исполни целата куќа, каде што седеа.
3 И им се јавија јазици како од пламен, кои се разделуваа и се спуштија по еден над секого од нив посебно.
4 И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат.
5 Тогаш во Ерусалим имаше Јудејци, побожни луѓе, од секој народ под небото.
6 Кога се создаде тој екот, народот кој се насобра многу се збуни, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот сопствен јазик.
7 И сите вџашени и восхитени, говореа: „Овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци?