20 Сонцето ќе се претвори во темнина, а месечината во крв, и тоа уште пред да настапи големиот и славен ден Господов.
21 И тогаш, секој што ќе го повика името Господово, ќе се спаси.‘
22 Луѓе Израилци, слушнете ги овие зборови: Исус од Назарет, Човекот посведочен пред вас од Бога со сили, чудеса и знаци, кои, како што и сами знаете, ги направи Бог преку Него,
23 предаден по определениот Божји план и предзнаење, вие Го фативте, Го распнавте со рацете на беззакониците и Го убивте.
24 Но Бог Го воскресна, откако Го ослободи од смртните маки, бидејќи смртта немаше сила да Го задржи.
25 Зашто Давид за Него вели: ‚Секогаш Го гледав Господа пред себе. Тој е од мојата десна страна, за да не се поместам.
26 Затоа се развесели срцето мое и се возрадува јазикот мој; а уште и телото мое ќе почива во надеж;