23 предаден по определениот Божји план и предзнаење, вие Го фативте, Го распнавте со рацете на беззакониците и Го убивте.
24 Но Бог Го воскресна, откако Го ослободи од смртните маки, бидејќи смртта немаше сила да Го задржи.
25 Зашто Давид за Него вели: ‚Секогаш Го гледав Господа пред себе. Тој е од мојата десна страна, за да не се поместам.
26 Затоа се развесели срцето мое и се возрадува јазикот мој; а уште и телото мое ќе почива во надеж;
27 зашто Ти нема да ја оставиш душата моја во Адот, ниту, пак, ќе дозволиш Твојот праведник да види распаѓање.
28 Ти си ми ги покажал патиштата на животот; Ти ќе ме исполниш со радост преку лицето Свое.‘
29 Мажи браќа, нека ми е дозволено да ви зборувам слободно за прататкото Давид, дека тој умре и беше погребан, а гробот негов е меѓу нас сѐ до денешниов ден.