40 И со многу други зборови сведочеше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!“
41 И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се присоединија во тој ден околу три илјади души.
42 И беа истрајни во учењето на апостолите, во заедничкиот живот, во прекршувањето на лебот и во молитвите.
43 И страв ја обзеде секоја душа, зашто многу чудеса и знаци се вршеа преку апостолите.
44 А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко;
45 продаваа имоти и сопствености и на секого му раздаваа колку што му беше потребно.
46 И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по куќите, се хранеа со радост и со чисто срце.