7 И сите вџашени и восхитени, говореа: „Овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци?
8 Па како тогаш слушаме како секој од нив зборува на нашиот мајчин јазик?
9 Парти, Мидијци, Еламити и жителите од Месопотамија, Јудеја и Кападокија, од Понт и Азија,
10 Фригија, Памфилија, од Египет и од краиштата на Либија покрај Киринеја, па и привремено дојдените Римјани.
11 Како ние Јудејците, така исто и придојдените, Критјани и Арапи, еве слушаме како тие зборуваат за големите дела Божји на нашите јазици?“
12 Сите се чудеа и во недоумение си зборуваа еден со друг: „Што ли ќе биде ова?“
13 А други, потсмевајќи се, велеа: „Се напиле со слатко вино!“