1 Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците и, откако им даде упатства, се прости со нив и тргна на пат кон Македонија.
2 А кога ги мина оние места и им даде многу упатства на верните, тој пристигна во Грција;
3 таму остана три месеци. И бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, тој реши да се врати преку Македонија.
4 До Азија го придружуваше Сосипатар Пиров од Верија а од солунјаните Аристарх и Секунд, Гај од Дерва и Тимотеј, и азијците Тихик и Трофим.
5 Тие отидоа порано и нѐ чекаа во Троада.
6 А ние отпловивме од Филипи по дните на Бесквасници и за пет дена пристигнавме во Троада кај нив, каде што поминавме седум дена.