Дела 20:18-24 MK2006D

18 И кога дојдоа кај него, тој им рече: „Вие знаете дека од првиот ден, откако дојдов во Азија, го минував времето со вас,

19 служејќи Му на Господ со голема понизност и многу солзи, во иску­ше­нија, што ми се случуваа заради лошите замисли на Јудејците;

20 дека не пропуштив да ви соопштам ништо од она што е полезно и да ве поучувам на јавни места и по куќите,

21 сведочејќи им сериозно и на Јудејците и на Елините за покајание пред Бога и вера во нашиот Господ Исус Христос.

22 И ете, сега, поттикнат од Духот, одам во Ерусалим, не знаејќи на што ќе наидам таму,

23 освен за она, кое Духот Свети го посведочи по сите градови, велејќи дека ме чекаат окови и маки.

24 Но јас не се грижам за ништо, ниту, пак, ми е мил животот, доволно е само да стигнам до крајот на патот и служ­ба­та што ја примив од Господ Исус, да го посведочам Евангелието на Божјата благодат.