21 сведочејќи им сериозно и на Јудејците и на Елините за покајание пред Бога и вера во нашиот Господ Исус Христос.
22 И ете, сега, поттикнат од Духот, одам во Ерусалим, не знаејќи на што ќе наидам таму,
23 освен за она, кое Духот Свети го посведочи по сите градови, велејќи дека ме чекаат окови и маки.
24 Но јас не се грижам за ништо, ниту, пак, ми е мил животот, доволно е само да стигнам до крајот на патот и службата што ја примив од Господ Исус, да го посведочам Евангелието на Божјата благодат.
25 И сега, ете, јас знам дека нема веќе да го видите лицето мое сите вие, меѓу кои одев и го проповедав царството Божјо.
26 Затоа во денешниов ден ви сведочам дека сум чист од крвта на сите,
27 бидејќи не пропуштив да ви ја соопштам во целост волјата Божја.