23 освен за она, кое Духот Свети го посведочи по сите градови, велејќи дека ме чекаат окови и маки.
24 Но јас не се грижам за ништо, ниту, пак, ми е мил животот, доволно е само да стигнам до крајот на патот и службата што ја примив од Господ Исус, да го посведочам Евангелието на Божјата благодат.
25 И сега, ете, јас знам дека нема веќе да го видите лицето мое сите вие, меѓу кои одев и го проповедав царството Божјо.
26 Затоа во денешниов ден ви сведочам дека сум чист од крвта на сите,
27 бидејќи не пропуштив да ви ја соопштам во целост волјата Божја.
28 Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв.
29 Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото;