Дела 20:24-30 MK2006D

24 Но јас не се грижам за ништо, ниту, пак, ми е мил животот, доволно е само да стигнам до крајот на патот и служ­ба­та што ја примив од Господ Исус, да го посведочам Евангелието на Божјата благодат.

25 И сега, ете, јас знам дека нема веќе да го видите лицето мое сите вие, меѓу кои одев и го проповедав царството Божјо.

26 Затоа во денешниов ден ви све­дочам дека сум чист од крвта на сите,

27 бидејќи не пропуштив да ви ја со­оп­штам во целост волјата Божја.

28 Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв.

29 Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото;

30 а и од вас самите ќе произлезат лу­ѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе.