27 бидејќи не пропуштив да ви ја соопштам во целост волјата Божја.
28 Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв.
29 Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото;
30 а и од вас самите ќе произлезат луѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе.
31 Затоа бидете будни и помнете дека цели три години дење и ноќе не престанував со солзи да поучувам секого од вас.
32 А сега, браќа, ве предавам на Бога и на словото од Неговата благодат; Тој може да ве унапреди подобро и да ви даде наследство меѓу сите посветени.
33 Од никого не побарав ни сребро, ни злато, ниту, пак, облека;