Дела 20:29-35 MK2006D

29 Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото;

30 а и од вас самите ќе произлезат лу­ѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе.

31 Затоа бидете будни и помнете дека цели три години дење и ноќе не прес­та­нував со солзи да поучувам секого од вас.

32 А сега, браќа, ве предавам на Бога и на словото од Неговата благодат; Тој може да ве унапреди подобро и да ви даде наследство меѓу сите посветени.

33 Од никого не побарав ни сребро, ни злато, ниту, пак, облека;

34 сами знаете дека за потребите мои и на оние што беа со мене, ми пос­лу­жи­ја овие мои раце.

35 Со сѐ ви покажав дека така треба да се трудите и да им помагате на не­моќ­ните, а исто така и да ги помните збо­ро­вите на Господ Исус, зашто Тој Сам рече: ‚Поблажено е да се дава, отколку да се прими.‘“