Дела 20:4-10 MK2006D

4 До Азија го придружуваше Сосипа­тар Пиров од Верија а од солунјаните Аристарх и Секунд, Гај од Дерва и Ти­мотеј, и азијците Тихик и Трофим.

5 Тие отидоа порано и нѐ чекаа во Троада.

6 А ние отпловивме од Филипи по дните на Бесквасници и за пет дена пристигнавме во Троада кај нив, каде што поминавме седум дена.

7 И во првиот ден на седмицата, кога се собравме да прекршиме леб, Павле, бидејќи на другиот ден сакаше да тргне, расправаше со нив и го продолжи сло­вото до полноќ.

8 Во горната одаја, каде што се бевме собрале, имаше доста светилки.

9 А едно момче, по име Евтих, седеше на еден прозорес, и, совладано од дла­бок сон, додека Павле зборуваше многу, се помрдна во сонот и падна од третиот кат, и го дигнаа мртво.

10 Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: „Не созда­вајте немир, зашто душата негова уште е во него!“