6 А ние отпловивме од Филипи по дните на Бесквасници и за пет дена пристигнавме во Троада кај нив, каде што поминавме седум дена.
7 И во првиот ден на седмицата, кога се собравме да прекршиме леб, Павле, бидејќи на другиот ден сакаше да тргне, расправаше со нив и го продолжи словото до полноќ.
8 Во горната одаја, каде што се бевме собрале, имаше доста светилки.
9 А едно момче, по име Евтих, седеше на еден прозорес, и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше многу, се помрдна во сонот и падна од третиот кат, и го дигнаа мртво.
10 Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: „Не создавајте немир, зашто душата негова уште е во него!“
11 А потоа, откако се качи горе, прекрши леб, го проба и зборуваше долго, дури до зори, а потоа отпатува.
12 Тогаш го доведоа момчето живо и тоа многу ги утеши.